Според статистичката платформа Football Meets Data (FMD), фудбалската репрезентација на Македонија има 9,9 отсто шанси да се пласира на Европското првенство во 2028 година што ќе се одржи во Велика Британија и во Република Ирска.
Англија и Шпанија имаат најголеми шанси за пласман на следното ЕП, кои се доближуваат до 100 проценти.
Веднаш зад нив се Франција (99,5%), Португалија (99%), Белгија (98%) и Германија (97%). Холандија и Швајцарија имаат по 96%, а Италија и Норвешка по 95%.
Останатите три домаќини на шампионатот – Република Ирска и Велс со по 94%, како и Шкотска со 93% се исто така високо во прогнозното рангирање. Данска е оценета со 92%, Хрватска 89% и Грција 84%. Турција и Словенија имаат по 62 отсто веројатност за учество, додека Унгарија е на 61 отсто.
Битката меѓу тимовите околу работ на топ 24 изгледа далеку поспорна. Босна и Херцеговина има 46% шанси за да се квалификува, а по неа следуваат Србија (45%) и Украина (44%). Словачка и Албанија имаат по 41%, Чешка и Исланд по 40%, а Полска 32%.
На дното од рангирањето со речиси никакви шанси за пласман се Андора, Сан Марино, Гибралтар и Лихтенштајн. Над нив се Казахстан со 1,1%, Ерменија со 0,8%, Луксембург и Кипар со по 0,6%, Азербејџан со 0,5%, Молдавија со 0,3%, Литванија со 0,2% и Летонија со 0,1%.
Шнсите на Бугарија се проценуваат на 1,4 отсто.
Извлекувањето на квалификациските групи е закажано за 6 декември во Белфаст. Натпреварите ќе се одиграат од 25 март 2027 година до 28 март 2008 година, вклучувајќи ги и баражите, а ЕП ќе се одигра од 9 јуни до 9 јули 2028 година.