Облачно, со локални врнежи од дожд и засилен ветер се очекуваат денеска.
Низ земјата ќе дува силен ветер од западен правец, кој во одредени делови ќе достигне брзина до 60 км/ч.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени Целзиусови, додека максималните ќе бидат во интервал од 15 до 22 степени Целзиусови.
Во наредните денови времето ќе биде променливо, проследено со пад на температурите.