Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска, заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ќе присуствува на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“.
Како што стои во соопштението на Владата, промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ ќе биде на граничниот премин Ќафасан во 10 часот, по што е предвидено премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
„One Stop Shop“ овозможува патниците, возилата и стоката да поминат низ заедничка гранична контрола на едно место, наместо да застануваат двапати — на излезната и на влезната страна од границата.
Системот е наменет за намалување на гужвите на граничните премини, особено во периоди на засилен сообраќај и патувања.
Ваков модел веќе се применува на граничниот премин Табановце – Прешево“ со соседна Србија.