Македонија

Мицкоски за ставот на Рама: Тоа се внатрешни работи на Македонија

Рама се правда дека неговите зборови биле извадени од поширокиот контекст на одговорот што го дал за бугарските медиуми

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска рече дека никогаш не би ѝ кажувал на македонската Влада или на граѓаните што треба да направат во однос на уставните измени и евроинтегративниот процес, но сепак порача дека внесувањето на Бугарите во Уставот е услов кој Македонија треба да го исполни за да продолжи кон членство во Европската Унија.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговите претходни изјави дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав, Рама појасни дека неговите зборови биле извадени од поширокиот контекст на одговорот што го дал за бугарските медиуми.

Тој потсети дека Македонија направила значителни отстапки на патот кон ЕУ, вклучително и промената на името, но дека и покрај тоа, ветувањата за напредок во евроинтеграциите не биле исполнети.

Рама истакна дека македонската страна има право да се сомнева дали исполнувањето на условот за внесување на Бугарите во Уставот навистина ќе значи отстранување на пречките за членство во ЕУ.

„Македонската страна со право се сомнева дека може повторно да има нешто друго доколку го направи овој чекор и ги вклучи Бугарите во Уставот“. Од друга страна, Македонија мора да го исполни овој услов за да влезе во ЕУ, ова е моја претпоставка, но исто така јас никогаш, ниту Албанија никогаш нема да го прекине патот на Македонија кон ЕУ. Никогаш не би си дозволил да ѝ кажувам на Владата или на народот на Македонија што треба да направат. Албанија никогаш нема да биде пречка на кој било начин за одложување на членството на Северна Македонија во Европската Унија“, нагласи албанскиот премиер.

Рама се осврна и на односите со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, посочувајќи дека нивното пријателство е взаемно и дека различните нијанси во нивните јавни изјави не претставуваат суштинско несогласување.

„Меѓу мене и премиерот Мицкоски нема апсолутно никаква суштинска разлика што би го попречила нашето пријателство. Напротив, нашето пријателство со текот на времето станува сè појасно“, рече Рама.

На истото новинарско прашање одговори и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој оцени дека Рама дал пошироко објаснување и одговорил на поставените дилеми.

Мицкоски посочи дека дел од изјавите често се издвојуваат од контекстот, наместо да се разгледува нивната целосна содржина.

„Тоа се внатрешни прашања на една држава. Ние сме, се разбира, свесни за реалноста, не ја игнорираме реалноста и исто така сме конструктивни и секогаш нудиме решенија за надминување на овој предизвик“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека довербата меѓу државите се гради преку заеднички проекти и соработка, посочувајќи го Коридорот 8 како еден од проектите што ги поврзува Северна Македонија, Албанија и Бугарија.

Според Мицкоски, токму ваквите инфраструктурни проекти се можност за зајакнување на регионалната соработка и приближување на трите држави.

Рама и претходно, се осврна на прашањето за уставните измени во Македонија, кога порача дека внесувањето на Бугарите во Уставот е дел од договорената рамка за продолжување на евроинтегративниот процес. Тогаш нагласи дека Албанија нема да биде пречка за европскиот пат на Македонија, а неговите коментари ги образложи како личен политички став за надминување на спорот со Софија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

To top