Македонија

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

Околу 30 услуги од Фондот за здравствено осигурување и десетина од Министерството за внатрешни работи се очекува да бидат достапни на порталот „услуги.гов.мк“, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој очекува добар дел од нив да се дигитализирани до крајот на годината. На порталот во моментов се достапни 350 услуги, од кои дел може целосно да се завршат електронски, додека останатите се информативни.

Министерот информираше и за напредокот на Македонија на светската ранг-листа на ОН за развој на е-влада. Земјата се искачила за 16 места и сега е на 68-та позиција, наспроти 84-та во 2024 година. Ова, вели тој, е втор најдобар пласман на земјава во серијата рангирања на Обединетите нации од 2003 година и најдобар пласман од 2010 година, кога се наоѓала на 52. место.

  • „Споредено со пред 10 години, 2016 година, кога бевме на 69. место, позицијата на Македонија сите овие 10 години бележеше исклучително лоши резултати. Значи со овогодишниот резултат не само што го подобруваме пласманот од пред две години, туку го надминуваме и најдобриот резултат во последните 16 години“, изјави Андоновски, додавајќи дека споредено со земјите од регионот, земјава има најголем раст на вредноста на индексот од 2024 година до денес.

Со позиционирањето на 68. место, додаде ресорниот министер, Македонија првпат влегува во групата земји со многу високо ниво на развој на е-влада, една е од 11 држави кои преминуваат од високо во многу високо ниво и е меѓу петте европски држави кои го направиле тој чекор во ова издание. Забележан е напредок по сите клучни компоненти што ги оценува извештајот.

  • „Оценката на Македонија се зголемила од 70 индексни поени во 2024 година на 78,4 во 2026 година. Оценката за онлајн услугите пораснала од 66 на 74, за телекомуникациската инфраструктура од 75 на 81, а за човечкиот капитал од 70 на 79. Подобрен е и посебниот показател за електронско учество на граѓаните, од 57 на 65, бројки изразени до максималниот износ од 100. Во рамки на онлајн услугите, анализата бележи високи резултати кај институционалната рамка, чија оценка пораснала од 88 на 96 и кај технолошките функционалности, каде оценката се зголемила од 68 индексни поени на 100. Дополнителен напредок е потрбен во испораката на услуги, особено преку воведување повеќе постапки што граѓаните и компаниите ќе можат целосно да ги завршат онлајн“, рече Андоновски.

Индексот на ОН на секои две години со заедничка методологија го оценува развојот на дигиталната влада во 194 земји во светот. Тој ги оценува трите основи на дигиталната влада – онлајн услуги, телекомуникациска инфраструктура и човечки капитал, а дава и посебен показател за електронското учество на граѓаните. За следното мерење во 2028 година, Андоновски очекува земјава да оствари напредок од 20 до 30 места, со подобрување во дигиталната поврзаност, телеинфраструктурата, вештините на граѓаните и користењето на новите дигитални услуги.

Најнови вести од: Македонија

Филипче го праша ЕУ-амбасадорот Рокас: Дали СДСМ се предавници?! Има ли предавство зад уставните измени, или нема?!

Претседателот на СДС Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, упати прашање до евроамбасадорот Михалис Рокас, дали уставните измени навистина претставуваат предавство или е, наводно, „лажна пропаганда со која Мицкоски и ВМРО со години ги манипулираат и лажат граѓаните и ја држат државата во изолација“.

Основањето огранок на МНЛД на 23.11.1903 во Софија – силен изблик на македонската идентитетска самобитност во срцето на бугарската држава! (1)

На денешен ден, на 23 ноември 1903 година десеттина македонски интелектуалци и револуционери, предводени од Крсте Мисирков и неговите најблиски соработници Стефан Дедов, Јован Ангелов и Димитар Мирасчиев, го создаваат во Софија огранокот на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург, Русија. Само по два дена бугарската полиција брутално го растура огранокот: ноќта на 25 ноември ги уапсила членовите. Мисирков, испретепан, морал да бега во Русија. Без оглед што тој огранок траел само два дена, ова е особено значаен датум во македонската национална, политичка и културна историја. Тој ден пред 123 години во срцето на бугарската држава, која го негирала самото постоење на македонскиот народ со неговиот идентитет и јазик,  се случил силен изблик и проблесок на македонската национална, идентитетска, јазична и историска посебност и самобитност! Основајќи го софискиот огранок на МНЛД во Софија, Мисирков и македонските интелектуалци околу него им испратиле индиректна и моќна порака на тогашните бугарски властодршци и политички кругови: ние сме Македонци, а не Бугари, и дејствуваме според своја македонска политичка волја во средиштето на вашата држава! Тоа била порака и за Грците и Србите дека Македонците се Македонци и ништо друго.

Силјановска Давкова: Не е искрен секој, што тврди дека се работи само за уставни измени! – Соседите да не ни ја одложуваат ЕУ-перспективата на неодредено!

Недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување и на нашиот пат кон ЕУ, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, како и отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и во самиот процес – се дел од димензиите важни за напредокот на […]

Мицкоски: Ќе бидам премиер уште една година! – Следните парламентарни избори во април 2028 !

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година. Целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е да слушнеме од граѓаните што е тоа што недостасува и да се подобриме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали најавената кампања на ВМРО ДПМНЕ е подготовка на предвремени избори.

To top