Македонија

Клековски: Нападот врз здравствен работник е кривично дело

„Нема здравствен систем без нивна заштита“

Нападот врз здравствен работник е кривично дело и не може да биде оправдан со никакво недоразбирање или нервоза.

Со оваа јасна порака директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, остро го осуди физичкиот напад врз лекар и медицинска сестра од Итната медицинска помош во Скопје.

Според неговата објава, инцидентот се случил во саботата пред поликлиниката „Јане Сандански“, додека медицинските лица ја извршувале својата работна должност.

Клековски потсети дека Законот за здравствената заштита предвидува затворска казна до три години за напад и закана врз здравствен работник, од шест месеци до пет години доколку има телесна повреда, а од една до десет години за тешка телесна повреда.

Едно лице веќе е приведено, а тој очекува МВР и обвинителството целосно да го документираат случајот.

Тој најави дека Министерството ќе разговара со здравствените установи и синдикатите за конкретни мерки за поголема безбедност на екипите на Итната медицинска помош, кои често работат сами и во особено тешки околности.

„Нема здравствен систем без нивна заштита“, порача Клековски, посакувајќи им брзо закрепнување на нападнатите здравствени работници.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

Филипче го праша ЕУ-амбасадорот Рокас: Дали СДСМ се предавници?! Има ли предавство зад уставните измени, или нема?!

Претседателот на СДС Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, упати прашање до евроамбасадорот Михалис Рокас, дали уставните измени навистина претставуваат предавство или е, наводно, „лажна пропаганда со која Мицкоски и ВМРО со години ги манипулираат и лажат граѓаните и ја држат државата во изолација“.

Основањето огранок на МНЛД на 23.11.1903 во Софија – силен изблик на македонската идентитетска самобитност во срцето на бугарската држава! (1)

На денешен ден, на 23 ноември 1903 година десеттина македонски интелектуалци и револуционери, предводени од Крсте Мисирков и неговите најблиски соработници Стефан Дедов, Јован Ангелов и Димитар Мирасчиев, го создаваат во Софија огранокот на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург, Русија. Само по два дена бугарската полиција брутално го растура огранокот: ноќта на 25 ноември ги уапсила членовите. Мисирков, испретепан, морал да бега во Русија. Без оглед што тој огранок траел само два дена, ова е особено значаен датум во македонската национална, политичка и културна историја. Тој ден пред 123 години во срцето на бугарската држава, која го негирала самото постоење на македонскиот народ со неговиот идентитет и јазик,  се случил силен изблик и проблесок на македонската национална, идентитетска, јазична и историска посебност и самобитност! Основајќи го софискиот огранок на МНЛД во Софија, Мисирков и македонските интелектуалци околу него им испратиле индиректна и моќна порака на тогашните бугарски властодршци и политички кругови: ние сме Македонци, а не Бугари, и дејствуваме според своја македонска политичка волја во средиштето на вашата држава! Тоа била порака и за Грците и Србите дека Македонците се Македонци и ништо друго.

Силјановска Давкова: Не е искрен секој, што тврди дека се работи само за уставни измени! – Соседите да не ни ја одложуваат ЕУ-перспективата на неодредено!

Недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување и на нашиот пат кон ЕУ, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, како и отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и во самиот процес – се дел од димензиите важни за напредокот на […]

To top