Македонија

Мицкоски ја предизвикува опозицијата – ако побара, ќе добие предвремени избори

Премиерот им фрли ракавица на СДСМ, ДУИ и Левица, нарекувајќи ги „здружена опозиција“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ѝ фрли ракавица на опозицијата, порачувајќи ѝ дека треба само да побара и ќе добие предвремени парламентарни избори.

„Здружената опозиција СДСМ-Левица-ДУИ нека поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот, ние ќе ја поддржиме и одиме на предвремени избори, договараме датум, тоа е тоа“, изјави тој во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ние работиме како да имаме редовни парламентарни избори пролетта во 2028 година. Многу едноставно, нема простор за теории за заговори и сценарија. И да напушти Максим Димитриевски, Владата има 61 пратеник и повеќе од 61 пратеник“, додаде премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

To top