Македонија

Скандал во Битола: Филипче без македонско знаме на средба со Рама

Фотографијата ја објавил на социјалните мрежи членот на раководството на СДСМ, Агрон Демири, па ја избришал

Знамиња на Албанија и на НАТО, но не и на државата Македонија во која се сретнаа, ја обележаа средбата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со албанскиот премиер Еди Рама во Битола.

Средбата се одржала во Конзулатот на Албанија во градот на конзулите и, според информации на „Фокус“, имала неофицијален карактер и нема детали за што е разговарано.

Фотографијата на социјалните мрежи ја објавил членот на потесното партиско раководство на социјалдемократите, Агрон Демири, кој малку подоцна ја избришал.

„Фокус“ вечерва се обратил до Центарот за комуникации на СДСМ вечерва, од кадешто го упатиле до албанскиот конзулат.

„За знамињата прашајте во конзулатот“, бил одговорот од седиштето на партијата.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

To top