Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Енергетиката станува еден од клучните фактори во глобалната трка за привлекување инвестиции во напредни технологии, вештачка интелигенција и дата-центри. Способноста на земјите да обезбедат сигурни и одржливи извори на енергија, развиена инфраструктура, стручен кадар и предвидлива деловна средина во голема мера ќе ја одреди нивната конкурентност во новите економски текови. Ова го истакна Ајри Шеј, претседател на Бордот на директори на Tessa Group, на четвртата конференција за дигитализација „Powering the Next Generation of Industries“ во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), која се одржа денес во Скопје.

Со воведни обраќања на конференцијата се обратија заменик шефот на мисијата на САД во земјата, Захари Харисон, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски и Славко Пројковски, претседател на Бордот на директори на Американската стопанска комора во земјава.

Во рамки на панел-дискусијата „Од енергетска транзиција до дигитални инвестиции – конкурентската предност на Северна Македонија“, Шеј посочи дека дигиталната и енергетската трансформација се два неразделни процеси, чие интегрирање отвора значајни можности за нови инвестиции, развој на бизнисите и забрзан економски раст.

  • „Дигиталната трансформација е невозможна без стабилна енергетика, исто како што современата енергетика не може да се развива без дигитализација. Тоа се два целосно комплементарни процеса кои взаемно се поттикнуваат и надополнуваат, а сајбер безбедноста е неопходна за нивното сигурно и долгорочно функционирање. Македонија има можност да се позиционира во новите глобални економски текови, но дебатата треба да ја насочиме кон создавање конкретни услови за реализација на инвестициите. Треба да инвестираме во енергетски капацитети и инфраструктура, да обезбедиме предвидлива деловна средина и да создаваме можности за младиот стручен кадар да го реализира својот потенцијал во земјата. Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста“, истакна Шеј.

Како еден од најилустративните примери за поврзаноста на енергетиката и дигитализацијата, Шеј ги посочи инвестициите во дата-центри, за чија реализација, покрај стабилното снабдување со електрична енергија, неопходни се и ефикасни административни процедури, предвидливи инвестициски трошоци, правна сигурност и соодветна експертиза. Ваквите инвестиции имаат стратешко значење за економијата и отвораат можности за создавање нови работни места со висока додадена вредност и задржување на стручниот кадар во земјата.

Токму поврзаноста на енергетиката, информатичката технологија и сајбер безбедноста е во основата на бизнис моделот на Tessa Group, која преку компаниите Tessa Energy, Tessa Tech и Tessa Sec нуди овие три компоненти како интегрирани решенија согласно потребите на современата економија. Преку Tessa Energy, групацијата инвестираше 2,5 милиони евра во нови когенеративни капацитети во Скопје, со инсталирана електрична моќност од 2,1 MW и топлинска моќност од 2,6 MW. Во втората фаза од инвестицискиот циклус е предвидена изградба на нова високоефикасна когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW и проценета инвестициска вредност до 10 милиони евра. Со овие инвестиции групацијата придонесува за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија, истовремено развивајќи капацитети и експертиза за одговор на растечките потреби на дигиталната економија.

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

Николоски: Патарини без рампи, плаќање според изминати километри, ќе почне првин на автопатот Кичево-Охрид

Возачите во иднина би можеле да плаќаат патарина според реално изминатата километража, наместо фиксна сума на наплатните станици. Новиот модел предвидува електронска наплата без физичко запирање на возилата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се подготвува закон за воведување на системот, при што ќе биде користена и експертска помош од Европската транспортна заедница. Според […]

Јаневска за бесмислиците на ДУИ за ученичките стипендии: Не ги доделуваме според етникум, туку според исполнети критериуми!

Министерството за образование и наука ги добива пријавите за ученички стипендии под шифра, а кој ќе добие стипендија зависи од тоа дали ги исполнува условите на конкурсот, вели министерката Весна Јаневска. Таа во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ 1 беше прашана за реакцијата на ДУИ дека од 817 ученички стипендии за тековната учебна година, само 80 им припаднале на ученици Албанци.

To top