Адвокатот Умејр Мухамеди во објава на социјалните мрежи остро ги критикуваше лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, посочувајќи дека во текот на една година во Собранието на на Македонија се појавиле само четири пати, а притоа добивале по 25.000 евра.
Мухамеди потсети дека двајцата се пратеници веќе 24 години и ги повика граѓаните да пресметаат колку пари заработиле само од пратеничките плати, без да се вклучат и другите можни комбинации.
„Ама ако, убаво. Вака нека ве вртат, бидејќи кога некој млад ќе изразува амбиции да стане пратеник или советник со чисти намери, ем нема да го гласате, ем ќе го напаѓате без никакви причини. Така да, секоја чест за нив и Господ нека ви е на помош на вас“, напиша адвокатот во објавата.
Со оваа реакција Мухамеди повторно ја отвори темата за присуството на долгогодишните пратеници во законодавниот дом и за односот на јавноста кон младите политички амбиции.