Македонија

Тирана се откажува од Голема Албанија а Косово се бори за Голема Дарданија, тврди српски експерт

Дали Рама има еден а Курти друг пристап околу географската и етничка стратегија на Албанците во регионот

Српскиот економист, политички аналитичар и истражувач специјализиран за локален и регионален развој, децентрализација и европски интеграции Драгиша Мијачиќ тврди дека

Директорот на Институтот за територијален економски развој (InTER) и координатор на Работната група на Националниот конвент за Европската унија (НКЕУ) за Поглавје 35, кое ги опфаќа односите меѓу Белград и Приштина вели дека Еди Рама и Албан Курти имаат различни цели.

,,Како што Албанија се приближува кон приклучување кон ЕУ, а Тирана се откажува од идејата за обединување на сите Албанци во една држава, Курти и неговите поддржувачи ќе преминат од залагање за „Голема Албанија“ кон залагање за „Голема Дарданија“. Следете ги дискусиите на социјалните мрежи (Твитер) и ќе го забележите тој образец”, пишува Мијачиќ кој посочува поврќе косовски јавни личности кои зборуваат за Дарданија.

Главната разлика е во тоа што Голема Албанија е современ националистички и иредентистички концепт од крајот на 19 век, додека Голема Дарданија (или античка Дарданија) се заснова на историски и територијални граници од античкиот период.
Иако двата термина често се испреплетуваат во политичките и историските дебати на Балканот, тие имаат различно потекло, географски опфат и современа употреба.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top