Свет

И човек на Путин предлага „Нобелова“ за Трамп

Ова е петт или шеста номинација за светската награда за мир за американскиот претседател

 

Со оваа порака на социјалната мрежа Икс, главниот  економски пратеник и преговарач на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, сподели фотографија од номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир, прнесоа медиуми

Дали Дмитриев ја поддржа номинацијата на Трамп за наградата или ја искритикува? Фотографијата која ја сподели функционерот е од објава на Белата куќа во која Трамп е наречен „претседател на МИРОТ“.

Под името на Трамп споменати се и светските лидери кои побарале Трамп да биде номиниран. Тоа се премиерот на Ерменија, претседателот на Азербејџан, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Камбоџа, претседателот на Габон, првиот дипломат на Руанда и владата на Пакистан.

Дмитриев, кој е и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), игра клучна улога во преговорите меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп: Не се бавам со политика за “Нобелова”

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top