Свет

Трамп: Не се бавам со политика за “Нобелова”

По најавата на Нетанјаху дека ќе го номинира за Нобелова за мир, следеа најави и номинации од Пакистан, Камбоџа, од републикански конгресмен…сега и од Ерменија и Казахстан

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прими ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Белата куќа, каде што потпишаа историски мировен договор.

Азербејџан и Ерменија се обврзуваат на траен прекин на непријателствата, рече Трамп.

„Кој друг освен Трамп заслужува Нобелова награда за мир“, рече денес Илхам Алиев.

„Јас не влегувам во политика за Нобеловата награда за мир“, скромно одговори Доналд Трамп.

Инаку, со договорот се решава главниот спор меѓу двете земји во моментов – создавање стратешки транзитен коридор низ Јужен Кавказ …

Коридорот Зангезур е долг 45 км. Ерменија ќе ги пренесе ексклузивните права за неговиот развој на САД за 99 години…

Автопатска и железничка врска, а можеби и други врски, треба да поминуваат низ коридорот.

САД ќе одредат кои американски компании ќе управуваат со транзитниот коридор.

Инаку, последната поддршка за амбициите на Трамп да го следи претседателот Обама во добивањето на Нобеловата награда стана начин земјите да му се додворат, иако тој досега не успеа да ги реши големите конфликти во Газа и Украина.

По најавата на Нетанјаху за номинација на американскиот претседател, следеа најави и номинации од Пакистан, Камбоџа, од републикански конгресмен за престижната награда за мир за Трамп…

Трамп добива уште една номинација за Нобелова награда

Најнови вести од: Свет

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Полска ќе гради сопствена ракетна индустрија за „Патриот“ системите

Полска сè поактивно инсистира странските воени набавки да доведуваат до трансфер на технологија и развој на домашната одбранбена индустрија, наместо создавање долгорочна зависност од странски производители.

To top