Македонија

Кацарска учествуваше во руинирањето на правосудството и ја ставија претседател на Уставен суд

Ми се чини дека целиот народ ѝ е гневен бидејќи сите знаат дека луѓето се неправедно осудени, вели адвокатот Драган Пешевски

Адвокатот Драган Пешевски, кој директно беше вклучен во постапката за „27 април“, кој поднесе, а не доби поддршка за Закон за амнестија за овие луѓе да излезеа на слобода, во интервју за МКД.Мк вели дека судијката Добрила Кацарска, со изборот за уставен судија по изрекувањето на високите затворски казни беше наградена.

„Награда. Таа учествуваше во руинирањето на правосудството и ја ставија претседател на Уставен суд. Ми се чини дека целиот народ ѝ е гневен на Добрила Кацарска бидејќи сите знаат дека луѓето се неправедно осудени“, вели Пешевски.

„Кацарска се обиде на секој можен начин да ја саботира одбраната на обвинетите, а и да се изживува врз адвокатурата како фела. На едно од рочиштата се расипа опремата во новиот Кривичен суд, па нѐ префрлија во големата судница во старата зграда на истиот суд.

Таму немаше услови за одржување рочиште со над 100 присутни. Тогаш требаше да се сослуша заштитениот сведок, кој беше круцијален сведок во постапката, а ние да го испитуваме. Но неговиот исказ требаше да се запишува, а маси немаше. Побаравме маса или простор да може да запишуваме, судијката Кацарска ни рече да коленичиме и да запишуваме за колена. Не прифативме и сите адвокати си заминавме, па бевме казнети со сума од по 1.000 евра.

Ова е само еден пример како се газеше одбраната на обвинетите“ сведочи адвокатот Пешевски.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката со порака: Курбан Бајрам ги промовира вредностите на човечност

Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство, порачува претседателката на Македонија

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам

На овој ден верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

To top