Свет

Сват на Трамп ќе биде амбасадор на САД во Франција

Американскиот Сенат го потврди изборот на Чарлс Кушнер, за амбасадор во Франција. Кушнер е татко на зетот на претседателот Доналд Трамп (практично сват на Трамп) и кого Трамп го помилува откако беше осуден за манипулирање со сведоци и даночно затајување. Кушнер се изјасни за виновен во 2005 година по 18 точки од обвинението, вклучувајќи даночно […]

Американскиот Сенат го потврди изборот на Чарлс Кушнер, за амбасадор во Франција.

Кушнер е татко на зетот на претседателот Доналд Трамп (практично сват на Трамп) и кого Трамп го помилува откако беше осуден за манипулирање со сведоци и даночно затајување.

Кушнер се изјасни за виновен во 2005 година по 18 точки од обвинението, вклучувајќи даночно затајување, манипулирање со сведоци и давање нелегални донации за кампањата.
Тој помина две години во затвор, што беше најдолгиот можен период според договорот за признавање на вина со обвинителите.

Во 2020 година, Трамп го помилува Кушнер, чиј син Џаред се ожени со ќерката на Трамп, Иванка.

Кушнер на сослушување во Сенатот рече дека ги признава сериозните грешки од минатото и дека тие би можеле да му помогнат да биде подобар амбасадор бидејќи ја платил цената за лошите одлуки.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top