Македонија

Томи Стефановски плива за поголема инклузија во спортот (ВИДЕО)

Томи ја носи пораката за заедништво и сплотеност – инспирација за сите лица, поддршка на лицата со атипичен развој

Македонската пливачка легенда, Томи Стефановски по вторпат плива за поголема инклузија во спортот.

Томи ја носи пораката за заедништво и сплотеност – инспирација за сите лица, поддршка на лицата со атипичен развој.

„Со голема гордост би сакал да го претставам едно од моите најголеми достигнувања во кариерата, а тоа е препливувањето на каналот Ла Манш на 14 Август 2009та година. Таа година беше 50-годишен јубилеј од првото препливување на каналот од страна на еден Mакедонец (Нико Нестор, 1958) и 40-годишнината од препливувањето на првата Mакедонка (Атина Бојаџи, 1969). Мојот подвиг траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13ти на вечната листа во 149-годишната историја на препливувањата на каналот (Капетан Метју Веб, 1875).

На 14ти Август 2025 година ќе бидат одбележани 16 години од моето препливување на каналот Ла Манш, и по тој повод ќе се одржи хуманитарен настан на кој ќе се обидам да препливам 16 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до Црквата Канео во Охрид, па назад до Охридското пристаниште.

Мојот јубилеј би сакал да го посветам кон хумани цели, поточно да ја подигнам свеста и да креирам подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Заедно со вас и вашата поддршка ќе им дадеме можност на многу лица и деца да го достигнат својот потенцијал, да уживаат во благодетите од спортот и да имаат поисполнет живот“, вели Томи Стефановски.

 

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

Сали: Во тесна соработка со европските партнери Македонија чекори сигурно и стабилно кон интеграцијата во ЕУ

„Во рамките на официјалната посета на Брисел, остварив важна средба и со Директорката за Западен Балкан Валентина Суперти. Разговаравме за напредокот на С.Македонија во Агендата за реформи и Планот за раст, со фокус на владеење на правото, дигитализација и јавна администрација. Сигурен сум дека со тесна соработка со нашите европски партнери С.Македонија чекори со сигурни и стабилни чекори кон интеграцијата во Европската унија.“ – објави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на својот официјален фејсбук-профил.

Манасиевски: Трендафилов одбива зголемување на платите на административците за 40 % по насока на СДС и Левица!

„Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците. Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски.“ – нагласи денес Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

To top