Регион

Радев за два мандата се збогатил 99 пати!

Од 4.379 лева на почетокот на мандатот во 2017 година, банкарската сметка на шефот на бугарската држава лани достигнала 435.621

Бугарскиот претседател Румен Радев во своите два мандата досега го зголемил своето богатство за 99 пати, пишува тамошниот весник „24 часа“, повикувајќи се на годишните пријави за имотот на функционерите објавени од Антикорупциската комисија.

Кога стана претседател на Бугарија во 2017 година Радев пријавил симболични 4.379 лева на својата банкарска сметка, а во 2024 година таа му пораснала на 435.621 лева!

Само во текот на минатата година контото на шефот на бугарската држава се зголемило за околу 160.000 лева, при што вложил 23.000 лева во пензиски и во инвестициски фондови, а година претходно имал околу 280.000 лева на сметката.

 

 

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top