Македонија

Нови противмакедонски изблици на Ким Мехмети, за кого сограѓаните- Македонци не се Македонци!

Говор на омраза и јавно навредување на македонскиот народ

„С.Македонија е земја на неизвесности. Нејасно е и дали оние што денес се нарекуваат себеси Македонци, а чии ‘изводи од матичната книга на родените’ се менуваат сезонски, се потомци на јужните Словени, или внуци на Александар Велики и на неговите војници, кои го освоиле Вавилон?!“ – наведува публицистот и писател Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Македонските елити се составени главно од Бугари и посрбени православни Албанци“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Покрај другото, натаму Мехмети изнесува: „С.Македонија е исто така земја на чуда каде што најчудното е однесувањето на албанските политичари, кои се или идиоти, што не разбираат, или се кукавици, кои се плашат да кажат дека македонските елити се составени главно од Бугари и србизирани православни Албанци. И кои, за да ја сокријат својата вистинска етничка припадност, се покриваат со жестока омраза кон Бугарите и Албанците.“

„С.Македонија, татковината на нејаснотии, лаги и чуда, воопшто не личи на нормална држава. И како таква, веројатно ќе биде тешко некогаш да стане вистинска држава каде што никој нема да има потреба да се лаже себеси, ниту другите.“

Најнови вести од: Македонија

Младите најчесто експериментираат со марихуана и синтетичка дрога

Значителен дел од малолетниците во Општина Гевгелија експериментираат со наркотични средства, особено со марихуана и синтетичка дрога, кои ги користат при групни собири, викенд забави и слично. Ова е дел од информацијата за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од Гевгелија, која на денешната седница беше презентирана пред општинските советници

Полицајците добиваат ново овластување: Итна мерка за жртвата на семејно насилство и насилникот да го отстранат од домот

Семејното насилство е проблем што со години бил јасно видлив и во институционалната пракса, но и во статистиката и предолго се третирал фрагментирано со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната надзорна расправа организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите

To top