Македонија

Никој не бил спречен да учествува на ,,Маршот на ангелите”, МВР ги демантира шпекулациите

Никој не е задржан повеќе од потребното време за вршење на полициска контрола

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”.

Како што наведува МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.

Министерството апелира да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.

,,Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните”, наведува МВР во демантот.

Во Кочани вчера се одржа 18. марш на ангелите од кој учесниците порачаа дека „правда мора да има“.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top