Свет

Путин и Зеленски може ќе се сретнат во – Унгарија

И Трамп и Зеленски изразија надеж дека состанокот на крајот ќе доведе до трилатерални разговори со Путин

 

Во објава на социјалните медиуми доцна во понеделникот, Трамп рече дека го повикал рускиот лидер и почнал да договара состанок меѓу Путин и Зеленски, по што ќе следи самит меѓу тројцата претседатели.

Според извор во европската делегација, Трамп им рекол на европските лидери дека Путин предложил таков редослед на настани.

Висок функционер на американската администрација изјави дека состанокот Путин-Зеленски би можел да се одржи во Унгарија, дознава Ројтерс.

Да потсетиме, унгарскиот премиер е голем критичар на европските „политики“ кон Украина и војната, но истовремено и поддржувач на Путин.

Во една од последните изјави Рбан рече дека „Времето работи за Русија и дека Зеленски направи грешки“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека двајцата лидери ќе се сретнат во следните две недели.

Последните директни разговори меѓу Русија и Украина се одржаа во Турција во јуни, кога Путин ја одби поканата на Зеленски за средба лице в лице и наместо тоа испрати делегација од пониско ниво.

Путин го оспорува легитимитетот на Зеленски како претседател на Украина со оглед на тоа што неговиот мандат истече минатата година во мај.

Од друга страна, Зеленски со закон забрани било каков контакт со рускиот претседател…

 

Најнови вести од: Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

To top