Свет

И папата апелира Израел да пушти хуманитарна помош за Газа

Папата Лав XIV го повика Израел да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа, објави Ројтерс. Тој ја нарече ситуацијата во палестинската енклава „уште позагрижувачка и тажна“. „Го обновувам мојот жесток апел да се дозволи влез на праведна хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија катастрофална цена ја плаќаат децата, старите лица […]

Папата Лав XIV го повика Израел да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа, објави Ројтерс.

Тој ја нарече ситуацијата во палестинската енклава „уште позагрижувачка и тажна“.

„Го обновувам мојот жесток апел да се дозволи влез на праведна хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија катастрофална цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, рече папата за време на неговата неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар.

Во својата прва неделна порака на 11 мај, новиот папа повика на итно прекин на огнот и ослободување на сите израелски заложници што ги држи вооружената група Хамас.

Во понеделник, Израел соопшти дека ќе испрати помош во Газа по 11-неделната блокада на енклавата, но ОН подоцна соопшти дека ништо не е дистрибуирано.

Илјадници бебиња во Газа може да умрат од глад

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top