Бизнис

Просечната плата во Хрватска во јуни 1.444 евра

Највисока плата од 2.279 евра е исплатена во секторот воздушен сообраќај, а најниската од 923 евра во текстилната индустрија

Просечната нето плата во јуни во Хрватска изнесувала 1.444 евра, што е номинално пониско за 0,5 проценти, а реално пониско за 0,7 отсто во споредба со мај, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).

На годишно ниво просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 9,8 проценти, а реално за 5,9 отсто во споредба со јуни 2024 година.

Највисоката просечна месечна нето плата по вработен за јуни 2025 година е исплатена во категоријата воздушен превоз и изнесува 2.279 евра.

Наспроти тоа, најниската просечна нето плата во Хрватска е регистрирана во производството на облека во јуни и изнесува 926 евра.

Медијалната нето плата во Хрватска за јуни изнесуваше 1.233 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од споменатата сума.

Како што е наведено во извештајот, хрвстаската медијална плата се зголемила за 11,5 проценти во споредба со јуни 2024 година.

Најнови вести од: Бизнис

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

(Фото): Инфлацијата во Македонија во јули забави на 2,3 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2026 во однос на јули 2025 , бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Македонското рударство продолжува да тоне, иако има на располагање големи инвестиции

Долг период рударството во Македонија нема забележано значителен раст, а четирите металични рудници кои функционираат полека ги исцрпуваат своите капацитети. Од друга страна, повеќе од 40 години се нема реализирано ниту една голема инвестиција во оваа гранка, а во моментов единствена сериозна најава има за проектот за рудник за бакар во Иловица.

To top