Македонија

ДУИ предупредува: Нападите врз Охридскиот договор ги загрозуваат меѓуетничките односи

Артан Адеми од Демократската унија за интеграција (ДУИ) изјави дека идеите и идеологиите што ја поткопуваат рамката на Охридскиот мировен договор се опасни, бидејќи придонесуваат за влошување на меѓуетничките односи.

facebook.com/arberademi

Артан Адеми од Демократската унија за интеграција (ДУИ) изјави дека идеите и идеологиите што ја поткопуваат рамката на Охридскиот мировен договор се опасни, бидејќи придонесуваат за влошување на меѓуетничките односи. Според него, актуелната власт од самиот почеток спроведува агенда насочена кон систематско уривање на принципите од Охридскиот договор. Ова, како што вели, се потврдува преку конкретни потези, како укинувањето на балансерот, непочитувањето на начелото за правична застапеност и занемарувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик.

„Со непочитување на албанскиот јазик и Законот за албанскиот јазик, со поднесување иницијатива за укинување на Законот за албански јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ и други субјекти и секојдневно се соочуваме со истата ситуација. Вакви идеи од политички сили и политичари се преопасни, не само за РСМ, туку и за целиот регион кои мислат погрешно дека мултиетничките држави не функционираат“,

рече Адеми.

Портпаролот на ДУИ истакна дека ваквите стратегии, кои ги напаѓаат темелите на Уставот и Охридскиот договор, не ветуваат светла иднина за никого во земјата. „За жал, секој ден се потврдува дека од формирањето на оваа влада, која нема етнички легитимитет, па сè до денес, земјата се движи во погрешен правец“, додаде тој.

„Не може да се формира Влада без етнички легитимитет и ете со која ситуација се соочуваме сега, каде нема Бадентер а има политичари кои имаат опасни тези да се гази системот, Охридскиот договор и целиот систем кој ние сме го воспоставиле со договор во 2001 година за да градиме еднаква и заедничка татковина“,

изјави тој.

Адеми категорично тврди дека кога основните принципи на соживот се прекршуваат, ДУИ е принудена да укаже на тоа дека државата не се развива во позитивна насока. Според него, ваквите политики нема да доведат до функционални институции, туку, напротив, ќе ги заострат етничките тензии, што никому не му оди во прилог.

„Државата можеме да ја градиме само заедно почитувајќи го уставниот поредок а не со лиферување на опасни идеи не само за РСМ, туку за целиот народ. Затоа тука зборувам за обединување на сите да се спротивставиме на овие политичари кои наликуваат на оние пред 90-та година кои предизвикувале војни и тензии во целиот наш регион. Треба да размислуваме за европска иднина, а не за вакви тези“,

заклучи Адеми.

Во интервју за неделникот „Фокус“, објавено денес, а направено пред гласањето во Собранието во саботата, министерот за правда Игор Филков, меѓу другото, изјави дека се надева оти Собранието ќе ја заврши својата работа и нема да дозволи правен вакум. Тој додаде дека доколку измените во Изборниот законик не поминат поради Бадентеровото мнозинство, тоа може да укаже на злоупотреба на овој механизам. Филков дури предложи дека, во таков случај, би можело да се размисли за ревидирање на потребата од Бадентеровото мнозинство, бидејќи, како што рече, „Македонија мора да оди напред“.

На ова реагираше потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, кој е и поранешен министер за надворешни работи и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир. Тој на социјалните мрежи изјави дека изјавата на Филков е доказ дека планот за уривање на Охридскиот договор се спроведува чекор по чекор.

За потсетување, во саботата Собранието одржа седница на која се расправаше за измени во Изборниот законик, со цел да се регулира бројот на потписи потребни за учество на независни кандидати на избори. При првото гласање, измените беа поддржани со 67 гласа „за“, 18 „против“ и без воздржани. Меѓутоа, при гласањето според Бадентеровиот принцип, измените не добија поддршка, бидејќи од пратениците од немнозинските заедници само 11 гласаа „за“, додека 18 беа „против“. Главна причина за неуспехот беше отсуството на поддршка од опозициската ДУИ и нејзината коалиција во парламентот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Купуваме 100 нови возила за Брза помош – За „Млад земјоделец“ 117 пријави со вредност од 70 милиони денари

Новите современи амбулантни возила за Брзата помош ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата, а поддршката за младите земјоделци ќе се стави во функција веднаш по завршувањето на локалните избори.

Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок, вели Владата

Министерството за финансии, како што објави министерката Гордана Димитриеска Кочоска, постапува по задолжение на Владата за решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок.

Растат кредитите: Колку милијарди евра должат граѓаните во банките?!

И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од  9,8%, а кај станбените 15,3%.

Мицкоски: Секој добронамерен и конструктивен предлог, за решавање на проблемот со Бугарија – е добредојден

Оваа Влада прави се за да ги исправи грешките на СДСМ и ДУИ, не се откажуваме до Европската Унија, но ниту од македонскиот идентитет. Патот кон Брисел не смее да биде уценуван од Софија. Премиерот Христијан Мицкоски вели Македонија е отворен за сите идеи кои би го откочиле процесот, но додава и дека засега нема […]

Најнови вести

To top