Хроника

Украинец загина кај ГП „Блаце“ по удар со возило од Косовец со престој во Германија

Украинскиот државјанин подлегнал на повредите во најблиската болница во Косово

Државјанин на Украина го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин „Долно Блаце“ на македонско-косовската граница.

„На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С. (22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Salt Bae: Како се создаде бренд, но и како една грешка го урна

Приказната за Salt Bae (Нусрет Гокче) е класичен пример за тоа како во 21 век виралноста може да создаде огромна слава и бизнис-империја за кратко време, но и колку брзо една грешка или серија грешки може да го сруши сè што е изградено, па дури и да предизвика поголеми загуби.

(Фото): Малолетник со возило удрил во друг автомобил и пешак кој се бори за живот в болница

Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.

To top