Свет

Сопругата на Ердоган ѝ пиша на Меланија Трамп за гладните деца во Газа

Првата дама на Турција ја повика сопругата на Трамп да го контактира Нетанјаху и да го покрене прашањето за тешката положба на децата во Газа

 

Емине Ердоган напиша дека била инспирирана од писмото што Меланија Трамп му го испрати на рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец за децата во Украина и Русија.

Меланија му испрати писмо на Путин: „Драг пријателе…“

Првата дама на Турција ја повика Меланија Трамп, во кое ја повикува да го контактира израелскиот премиер и да го покрене прашањето за тешката положба на децата во Газа, ја цитираше Ројтерс.

„Верувам дека важната чувствителност што ја покажавте кон 648-те украински деца… ќе се прошири и на Газа“, напиша Емине Ердоган во писмото во петокот, објавено од турското претседателство.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

„Во денешно време, кога светот доживува колективно будење, а признавањето на Палестина стана глобален тестамент, верувам дека вашиот апел во име на Газа би исполнил историска одговорност кон палестинскиот народ“, се додава во писмото на Емине Ердоган.

Глобалниот мониторинг за глад во петокот утврди дека градот Газа и околните области официјално страдаат од глад и дека е веројатно дека тој ќе се прошири, со што ќе се зголеми притисокот врз Израел да дозволи повеќе помош на палестинската територија.

Најнови вести од: Свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп го продолжи примирјето со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ќе го продолжат примирјето со Иран, но исто така ќе ја продолжат блокадата на иранските пристаништа. Одлуката за одложување на нападот е донесена на барање на пакистанските власти, во исчекување на единствен предлог од иранското раководство за траен крај на конфликтот.

Кршење на примирјето во Ормуз: Иран со дронови удри по американски бродови по инцидентот со „Тоуска“

Состојбата во регионот останува исклучително напната, а иранските тврдења за напад со дронови врз американски воени бродови го сигнализираат можноста за понатамошна брза ескалација на конфликтот.

Канадскиот премиер призна: Блиските врски со Америка се претворија во сериозна ранливост

Изјавата на премиерот дојде неколку дена откако американскиот министер за трговија Хауард Латник остро ја критикуваше трговската стратегија на Канада во рамките на Северноамериканскиот договор за слободна трговија и ја осуди соработката на Отава со Кина.

To top