Македонија

ВМРО-ДПМНЕ стартува теренска кампања за собирање идеи од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ќе започне седумдневна кампања на терен за собирање предлози и идеи за проекти од граѓаните, кои ќе бидат вклучени во програмите на кандидатите за градоначалници.

Почнувајќи од среда, 27 август, ВМРО-ДПМНЕ ќе започне седумдневна кампања на терен за собирање предлози и идеи за проекти од граѓаните, кои ќе бидат вклучени во програмите на кандидатите за градоначалници.

Од 27 август до 3 септември, во периодот од 17 до 21 часот, во сите општини низ земјата ќе бидат поставени штандови на градските плоштади или други фреквентни локации, како дел од акцијата „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Граѓаните ќе имаат можност да ги запишат своите идеи за проекти на посебни формулари, кои би сакале да ги реализираат идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истиот период, сите партиски штабови низ државата ќе бидат отворени за граѓаните и членовите на партијата, каде тие исто така ќе можат да достават свои предлози за проекти.

Паралелно, граѓаните ќе можат да ги испраќаат своите идеи и предлози електронски на е-поштата: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk. Сите предлози, без разлика дали се доставени преку штандови, штабови или електронски, ќе бидат разгледани од тимот на експерти задолжен за изработка на програмите.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваат очекување за голем одзив на граѓаните, со цел да се изработат што поквалитетни и сеопфатни програми кои ќе ги одразуваат реалните потреби и идеи на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Зошто се повеќе македонски студенти заминуваат да учат во странство?!

Во академската 2024/2025 година бројот на странски студенти во Словенија достигна 11.918, што е пораст од 12,8% во однос на претходната година. Повеќе од 1.000 од нив доаѓаат од само четири земји, меѓу кои и Македонија.

За финансирање на кампањата за локалните избори треба да се потрошат 9,7 милиони евра

Од Државната изборна комисија кажаа ако во иднина се продолжи со финансирање на изборната кампања со пари од буџетот, тогаш ДИК не треба да биде институцијата која ќе ги дели парите на медиумите.

Обвинителство отвори истрага за криминална група која се товари за даночни измами и перење пари

Денешната акција спроведена на повеќе локации низ државата, односно на територија на општина Липково, Куманово и Желино е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тесна соработка со Управата за финансиска полиција, велат од Обвинителството. Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО […]

Во јуни 100 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Според податоците од државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти. 100 проценти од потрошената електрична енергија била од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за […]

To top