Македонија

Пораката од Филипче симнувајќи се од јахтата во Егејот и враќајки се од вилата на Халкидики (ТРОЛ НА ДЕНОТ)

Исончаниот и одморен лидер на сопартијците им велел дека ќе има борба

Тролањето на денот денеска го има новинарот и аналитичар Ивор Мицковски кој на свој сатиричен начин го објаснува поведението на лидерот на СДСМ Венко Филипче среде летните одмори и политичката битка со власта.

,,Симнувајќи се од јахтата во Егејот и враќајки се од вилата на Халкидики, после речиси месец дена одмор, Претседателот на СДСМ потенцираше дека Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност, но и дека неговата партија ќе продолжи да се бори за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните”, пишува со голема доза на цинизам Мицковски.

Неговиот коментар поврзан со однесувањето на Филипче тој го зачинува со коментар на постара фотографијата на која лидерот на СДСМ не може да запре од смеење:

* и им викам ќе се бориме…

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top