Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

Ден на рударите

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница.

И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и парични награди. Продолжувајќи јатрадицијата, оваа година признанието „Најдобар рудар“ му беше доделено на Дарко Велиновски, кој во оваа прилика доби и посебна парична награда и пригоден подарок. Покрај најдобриот рудар, раководството на САСА додели парични награди и на вкупно 121 вработен. Од нив, 16 вработени добија парична награда за придонес кон безбедноста при работа и заштитата на животната средина, а на 105 вработени им се доделени парични награди за нивниот особен придонес при остварување на безбедно и стабилно производство.

Како дел од активностите по повод празникот, рудникот САСА,преку својата Фондација, обезбеди и финансиска поддршка зареализацијата на две приоритетни потреби на локалната заедница. Имено, на припадниците на територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица им беа донирани комплети заштитна опрема, целосно усогласени со стандардите за безбедност. Исто така, инвестирани се и средства за целосна реконструкција на дел од санитарните јазли во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, со што значително се подобрени условите за децата кои престојуваат во оваа установа.

„Нашите вработени се срцето на САСА. Нивната посветеност, стручност и безбедно извршување на работните задачи се клучни за успешното работење на рудникот. Овие награди, што им ги доделуваме по повод Денот на рударите, се само симболично признание за нивниот секојдневен труд. Во исто време, силно веруваме дека развојот на САСА е нераскинливо поврзан со напредокот на заедницата во која работиме, па затоа и понатаму ќе продолжиме со посветена поддршка за општината и нејзините граѓани“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн, честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА и на целата домашна рударска индустрија, како и празникот на сите жители на општината Македонска Каменица, посакувајќи им добро здравје и многу успех на сите полиња.

Инаку, традиционално, Рудник САСА и оваа година е главен покровител и партнер на сите активности што се организираат во локалната заедница, меѓу кои и на централната тридневна културно-музичка програма што се одржува на градскиот плоштад, по повод Денот на рударите и празникот на општината Македонска Каменица.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top