Свет

„Децата во Газа се прегладнети што немаат сила ни да плачат“, велат надлежните

„Децата во Газа систематски се изгладуваат. Нивните тела буквално се исцрпуваат од глад и болести. Клиниките на „Спасете ги децата“ се преоптоварени, но пациентите честопати немаат сила ниту да плачат“, наведе Ашинг.

Извршната директорка на организацијата „Спасете ги децата“, Ингер Ашинг, се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации и предупреди за намерно предизвиканиот глад во Газа, кој сега им се заканува на животите на најмалку 132.000 деца под петгодишна возраст. Според IPC (Интегрирана класификација на фази на безбедност на храната), бројот на деца кои се изложени на ризик од акутна неухранетост е двојно зголемен од мај 2025 година.

„Децата во Газа систематски се изгладуваат. Нивните тела буквално се исцрпуваат од глад и болести. Клиниките на „Спасете ги децата“ се преоптоварени, но пациентите честопати немаат сила ниту да плачат“, наведе Ашинг.

Хуманитарните залихи што би можеле да спасат животи се оддалечени неколку километри, но се блокирани бидејќи израелските сили продолжуваат да напаѓаат болници и станбени области.

„Децата во болниците лежат ослабени, буквално се распаѓаат. Нивните ситни тела се совладани од глад и болести. Медицинските и прехранбените залихи што им се потребни се речиси потрошени. Без нив, неухранетите деца ќе умрат“, додаде таа.

Во хуманитарните центри, децата повеќе не цртаат желби за училиште или пријатели, сега бараат храна или едноставно сакаат да умрат.

„Едно дете напиша: Би сакал да бидам во рајот со мајка ми, има љубов, храна и вода“, се вели во него извештајот.

Хуманитарните работници предупредуваат дека ова е намерно предизвикан глад, кој меѓународната заедница можеше да го предвиди. Фазата на глад, според стандардите на IPC, значи екстремна ситуација во која се случуваат масовна неухранетост и смрт.

„Секој што донесува одлуки во светот има морална и правна одговорност да ги запре овие злосторства. Фазата на глад значи дека повеќе нема аларм, само страдање и смрт“, соопшти организацијата.

Најнови вести од: Свет

Германија подготвува пензиски шок: Се укинуваат мини-работните места и се продолжува работниот век до 70 години

Од 2031 година во системот се враќа „факторот на одржливост“, кој ја поврзува стапката на раст на пензиите со вкупниот број уплатувачи. Тоа во пракса значи дека стапката на придонеси ќе се забави, но граѓаните ќе добијат значително помал годишен раст на пензиите.

Полуостров во пламен, луѓе бегаат од Крим (ВИДЕО)

Украинската кампања со беспилотни летала на Украина ги таргетира клучните руски рафинерии за нафта, цевководи и сродна инфраструктура, придонесувајќи за недостиг на гориво не само на полуостровот, чија економија е во голема мера зависна од руските туристи, туку и во самите руски региони.

To top