Македонија

Знае ли Бујар дека можел да биде точка на белиот лист што ДУИ го доставила до ВМРО-ДПМНЕ

Што не му кажуваат на екс министерот во Мала Речица

По зачестените изјави на Бујар Османи кој упатува заканувачки пораки во кои се бара Мала Речица да биде фактор во владата реагира ВМРО-ДПМНЕ од каде му препорачуваат да се распраша за белиот лист кој ДУИ го испратила до ВМРО-ДПМНЕ по изборите.

Според изјавата крајот на кариерата на Османи можела да биде една од желбите услов за коалиција меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.

,,На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ, подготвени да го исполна секое барање само за да останат во владата која беше поразена на избори. Тогаш така храбро не звучеа и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради”, велат од ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна.

,,Врвот на ДУИ е претворен во милионерска елита, додека народот живее во сиромаштија. Затоа денес ДУИ ветува функции и влез во владата на своите разочарани членови, надевајќи се дека ќе ја сокријат сопствената корупција и криминални зделки”, од каде потсетуваат дека и Македонците избираа партија со мнозинство, но ДУИ тоа никогаш не го почитуваше”, се вели во реакцијата.

Апсурдно е Бујар Османи да зборува за „аморфна маса“ затоа што токму токму ДУИ цели 20 години ја третираше албанската заедница како аморфна маса – како гласачка машинерија за нивните бизниси и криминални зделки, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ, или си тезгаџија!

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДС Петре Шилегов јавно преку фејсбук побара оставка од „лидерот“ на СДС Венко Филипче. Ако се има предвид жестината, со која Шилегов го нападна Филипче, означувајќи го со зборот претседател ставен во наводници, се наметнува дилемата: дали можеби Шилегов е дел од иницијатива за обединување на СДС, што веќе кружи и која која подготвува политички концепт и кадровска понуда, во која би влегле поранешни социјалдемократи, меѓу кои и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров?

(Фото): Поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните во 2026, очекува Силјановска-Давкова

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции, вели претседателката.

To top