Свет

Лавров: Украина не смее да има прозападна влада

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара секој иден мировен договор во Украина да вклучува спречување во иднина Украина да има прозападни влади, објави Институтот за проучување на војната (ISW). На 23 мај, Лавров повика на избегнување на „повторување на она што ги донесе пучистите на власт преку крвава револуција“, осврнувајќи се на протестите […]

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара секој иден мировен договор во Украина да вклучува спречување во иднина Украина да има прозападни влади, објави Институтот за проучување на војната (ISW).

На 23 мај, Лавров повика на избегнување на „повторување на она што ги донесе пучистите на власт преку крвава револуција“, осврнувајќи се на протестите на плоштадот „Мајдан“ во Украина во 2014 година, со кои беше соборен поранешниот проруски претседател на Украина, Виктор Јанукович.

Тој, исто така, го повтори познатото тврдење на рускиот претседател Владимир Путин дека Володимир Зеленски не е легитимен лидер на Украина и дека Русија може да преговара со раководството на Врховната рада (парламентот) на Украина наместо со Зеленски.

Изјавата е експлицитно барање за промена на режимот во Украина како услов за секој иден мировен договор.

Лавров, исто така, го отфрли неодамнешниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ватикан би можел да биде домаќин на разговори.

Според Лавров, би било „незгодно“ претставниците на „две православни земји“ да се сретнат во Ватикан.

Најнови вести од: Свет

Русија го нападна Киев во пресрет на средбата Трамп-Зеленски

Во нападот кој започна ноќеска и кој трае десетина часови, Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во светот(ВИДЕО)

Со отворањето на автопатот, времето на патување од регионалниот главен град Урумќи, северно од планините Тјаншан, до Корла, јужно од планините Тјаншан, е намалено од седум часа на околу 3,5 часа.

САД ја нападнаа Исламска држава во Нигерија со цел да ги заштитат христијаните

Министерството за надворешни работи на Нигерија ги потврди нападите во соопштение и посочи дека однапред добило известување, наведувајќи дека „нигериските власти остануваат ангажирани во структурирана безбедносна соработка со меѓународните партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, во решавањето на постојаната закана од терористички и насилен екстремизам“.

To top