Македонија

Сиљановска-Давкова им ги додели наградите на победниците на 38.Охридскиот пливачки маратон

Победничка во женска конкуренција е Мајте Ајлен Пука. Победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Хернандес.

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на Охридскиот пливачки маратон, им ги додели наградите на победниците врз основа на регистрираните резултати во моментот на прекинот на натпреварот.

На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 38-ми пат се одржа во Охрид, во женска конкуренција победничка е Мајте Ајлен Пука. Победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Хернандес.

Посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси, шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова им честита на победниците и на сите учесници на маратонот. Таа им изрази признание, поради издржливоста, посветеноста и спортскиот дух.

На патеката „Климе Савин” годинава се натпреваруваа 16 пливачи од шест држави: десет во машка и шест во женска конкуренција, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top