Свет

Градоначалникот на Чикаго: Не сакаме да гледаме тенкови на нашите улици

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, остро се спротивстави на можноста за распоредување на Националната гарда во градот од страна на федералната влада, откако во саботата потпиша извршна наредба за да се спротивстави на најавената имиграциска репресија.

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, остро се спротивстави на можноста за распоредување на Националната гарда во градот од страна на федералната влада, откако во саботата потпиша извршна наредба за да се спротивстави на најавената имиграциска репресија.

Коментирајќи го распоредувањето на силите во Вашингтон од страна на претседателот Доналд Трамп претходно овој месец, Џонсон изјави: „Не сакаме да гледаме тенкови на нашите улици.“

Тој предупреди дека наредбата на Трамп може да доведе до засилени проверки на имиграцискиот статус.

Имаме веродостојни информации дека ни остануваат денови, а не недели, пред Чикаго да се соочи со некаква форма на милитаризирана активност од федералната влада. Сè уште не е јасно каков облик ќе има тоа“, рече Џонсон.

Можно е да видиме милитаризирано спроведување на имиграциските закони, можеби присуство на Националната гарда, па дури и активни воени сили и вооружени возила на нашите улици. Ние не сме го побарале ова, ниту нашите граѓани го посакале, но сега мора да реагираме“, додаде градоначалникот.

Џонсон истакна дека неговата извршна наредба им налага на сите градски институции да ги заштитат правата на жителите од федералните акции. Според наредбата, локалната полиција нема да соработува со воени сили во патроли или во спроведување на имиграциски мерки.

Демократот Џонсон ја опиша администрацијата на Трамп како „непредвидлива и импулсивна“, што го отежнува предвидувањето дали ќе продолжи со плановите за распоредување. Тој го повика републиканскиот претседател да го преиспита својот став.

Трамп овој месец ја активираше Националната гарда во Вашингтон, тврдејќи дека целта е сузбивање на наводно неконтролираниот криминал во градот, кој исто така е предводен од демократски градоначалник. Сепак, полициските податоци не укажуваат на пораст на криминалот во главниот град.

Претседателот навести дека Чикаго би можел да биде следниот град каде ќе се спроведат слични мерки, тврдејќи дека криминалот таму е „надвор од контрола“. Џонсон, пак, истакна дека во изминатата година во Чикаго значително се намалиле убиствата, кражбите и пукањата.

Најнови вести од: Свет

Белгија ќе ја признае Палестина, најавени санкции против Израел

Белгија ќе ја признае државата Палестина на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) овој месец и ќе воведе пакет од 12 санкции против Израел, објави белгискиот министер за надворешни работи и вицепремиер Максим Прево.

Трамп ќе го одликува Руди Џулијани со „медал на слободата“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ќе му го додели Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во САД, на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Започнува судскиот процес против Болсонаро , обвинет за обид за пуч

Врховниот суд на Бразил денеска ќе започне со сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро, обвинет за обид за државен удар по победата на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, на изборите во 2022 година.

To top