Македонија

Муцунски: Филипче од една страна зборува за уставни измени, од друга за откажување од преговорите ако има ново вето

Ваквите ставови носат неизвесност за државата

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Изминатите години видовме што значи политика на брзи потези и празни ветувања. СДС и ДУИ со секое ветување отвораа надеж, а со секој притисок ја поништуваа таа надеж. Заедничките документите што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик.

Нашиот пат е поинаков. Работиме на решенија што носат траен напредок – не на блокади што се повторуваат. Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре.

Има уште една важна разлика. За нас европската иднина не е празна фраза – таа значи борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор.

Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Скопје на петто место по загаденост во светот

Со над дваесет пати гоголеми вредности на најштетните ПМ честички според просекот на СЗО и оценка дека воздухот не е здрав за вдишување, Скопје сега е трет град во светот по параметрите на загаденост, покажуваат податоците од платформата IQAir.

Наскоро нов булевар во Скопје – активно се работи на клучката кај Момин Поток

Активно се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје, велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

Дали лекарска грешка довела до смрт на бебето на Клиниката за гинекологија и акушерство?

Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на државната клиника за гинекологија за починато бебе кој треба да утврди дали имало лекарска грешка. Од клиниката уверуваат дека се преземени сите мерки и постапки за објективна истрага и најавуваат мерки доколку се утрдат пропусти. Скопското обвинителствцо оформи предмет.

Неправилностите во Лотарија се од поранешното раководство, реагира Државна лотарија по ревизорскиот извештај

Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Македонија најостро реагира на дел од медиумските написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Друштвото за 2024 година, без притоа, како што наведуваат, да се направи јасна разлика помеѓу периодот на управување на поранешното и на актуелното раководство.

To top