Македонија

Над 50 пријави поради невремето во Скопје – паднати дрвја, покриви, бандери, кабли

До ЦУК имало 50 пријави од граѓани за над 30 паднати дрвја, од кои дел паднале и врз возила, куќи, делови од згради. Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за надминување на последиците од невремето.

Паднати дрва, оштетени возила, запалени бандери, скинати кабли на ЕВН и Телеком. Ваква е сликата по силното невреме што го зафати Скопје, но и делови од Македонија. Предизвиката голема материјална штета. Граѓаните сведочат дека било страшно, но за среќа без жртви.

Телефонот во ЦУК постојано ѕвонел. Имало 50 пријави од граѓани за над 30 паднати дрвја, од кои дел паднале и врз возила, куќи, делови од згради. Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за надминување на последиците од невремето.

Меѓу најтешко погодените локации се „Партизанска“ каде летале покриви од згради и контејнери, потоа кај Драмски факултет, како и во „Ѓорче Петров“.

Претходно, полициски службеници ангажирани за обезбедување на ракометниот турнир во салата „Борис Трајковски“, заедно со пожарникарите, спречиле ширење на пожар и зафаќање на возила и објекти. Поради вдишување чад, 9 полицајци биле пренесени во Токсикологија на кислородна поддршка, сите се во стабилна состојба.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top