Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Инфраструктурно ја преобразуваме Македонија, реализираме крупни проекти, за една година над 70 км патишта

До крајот на 2026 во употреба ќе биде пуштен целиот автопат Кичево-Охрид. Засилено се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, кои се очекува да се предадат во употреба во 2027 година

„Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија инфраструктурно се трансформира, изградени се и пуштени во употреба повеќе од 70 километри експресни патишта и автопат.“ – наведува владејачката партија во своето денешно соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За една година ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи посветено и како се реализираат крупни капитални инфраструктурни проекти, кои ја трансформираат Македонија. Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата.

Така, за една година се завршија и пуштија во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година ги заврши и пушти во употреба двете делници од експресниот пат Градско-Фариш, во должина од 25,7 километри, како и 25,5 километарската делница Страцин-Крива Паланка која е дел од експресниот Куманово-Крива Паланка.

Со интензивирање на градежните активности, се изгради и пушти во употреба делницата Врбјани-Ботун долга 20 километри, дел од автопатот Кичево-Охрид, а многу наскоро во употреба ќе биде пуштена уште една делница. Додека пак, до крајот на 2026 година, во употреба ќе биде пуштен целиот автопат.

Паралелно со изградбата на овие значајни патишта, засилено се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, кои се очекува да завршат и да се пуштат во употреба во 2027 година. Со ова темпо на градење на патишта, во следните неколку години, државата ќе биде поврзана со експресни патишта, а и целосно ќе се заврши и стави во функција автопатската мрежа. Македонија се трансформира и развива, а промените ги гледаат и чувствуваат граѓаните на дело. = нагласува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top