Македонија

Осомничениот екс шеф на тајната служба денеска слави, утре ќе одговори на обвинувањата за следење на Мицкоски и новинари

Утре ќе даде одговор на наводите на тајната служба која ја водеше

Осомничениот екс шеф на тајната служба денеска слави а утре ќе одговори на обвинувањата за следење на премиерот Мицкоски и новинари.

Екс директорот на АНБ Виктор Димовски денеска го прославува денот на Агенцијата за национална безбедност која тој ја водеше до лани до смена на власта.

Токму за тој период АНБ е осомничена дека следела лидер на опозиција, сега премиер Христијан Мицкоски, членови на раководство на ВМРО-ДПМНЕ и новинари.

,,Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве…”, пишува Димовски.

Брифингот на АНБ од кој јавноста дозна дека агенцијата до обвинителството доставила докази за нелегално следење се случи пред три дена но Димовски три дена молчеше за обвинувањето според кое и тој е одговорен за незаконско или политичко следење на новинари и политичари.

Најнова вест на темата на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Трибината „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“

Иницијатива на ЗПГА за информирање за најновите сознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје кај жените

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

To top