Македонија

Георгиев за Македонија до колегите од членките на ЕУ: Не е можна промена на договорениот европски консензус

Шефот на бугарската дипломатија по „милионити“ пат му се пожали на Брисел дека „браќата“ не го исполнуваат договореното

Министерот за надворешни работи на Бугарија им се пожали на колегите од земјите-членки на Европската унија и на институциите на ЕУ дека Македонија не го исполнува договореното со т.н. Француски предлог, кој стана услов за вистински почеток на преговорите за македонското членство во Унијата.

„Одобрениот пакет-договор во јули 2022 година на европско ниво останува единствениот можен пат за напредок на оваа земја-кандидат кон ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, забележуваме политика на конфронтација, провокации и отстапување од преземените обврски, вклучувајќи го и оспорувањето на клучните договорени работи пред Уставниот суд во Скопје.

Не е можна промена во договорениот европски консензус или на која и да е негова компонента. Бугарија очекува од соседната држава совесно да ги исполнува своите ангажмани, за што не е еднаш инсистиррал и самиот Европски совет.

Остануваме на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска унија. Подготвени сме да му помогнеме и на Скопје да го изоди својот европски пат во процесот на реформи, имајќи предвид дека членството во обединета Европа е единствениот избор на неговата влада“, се вели во писмото на Георгиев.

Најнови вести од: Македонија

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

Апел: Ранливите категории скопјани да останат дома

Се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

To top