Свет

Кина ја покажа својата моќ – вниманието го привлекоа робо кучињата и ласерите

На воената парада што се одржа денеска Кина ја покажа својата моќ.

x.com/Af_Journalist

Нова, досега невидена варијанта на кинеската интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) Донгфенг, означена како DF-5C, беше прикажана на воена парада во Пекинг.

Според воениот аналитичар Александар Нил, оваа ракета има зголемен дострел и може да носи до 12 боеви глави на една ракета.

Ракетата е двостепена, нуклеарна, и користи течно гориво, што подразбира дека нејзината траекторија се напојува од две последователни ракетни фази, секоја со посебен мотор.

Нил истакнува дека DF-5C е стационирана во силоси, односно се лансира од подземни објекти и е наменета да служи како стратешко средство за одвраќање.

https://x.com/Af_Journalist/status/1963111693782769756

Покрај моќната ракета Кина претстави и многу други оружја, но вниманието го привлекоа ЛУ-1 и робо-кучињата кои може да ги погледнете подоле.

https://x.com/Defence_Index/status/1963067440042050047

https://x.com/XRoboHub/status/1963126985439506853

Најнови вести од: Свет

Грција стави „сопка“ на новиот пакет санкции кон Русија

Атина сака да ги ублажи и веќе договорените ограничувања за увоз и трговија со руски течен природен гас (LNG),бидејќи Грција е светска превозна сила, а транспортот на течен руски гас преку водите и пристаништата на ЕУ носи милијарди приходи

Најнови вести

To top