Регион

Бугарија воведува нов систем за мерење на просечната брзина на одредени делници

Важно соопштение за сите што планираат да патуваат за Бугарија.

Бугарија од петок, 5 септември, официјално го воведува новиот систем за мерење на просечната брзина на одредени делници, објавија бугарските медиуми.

Системот ги користи постоечките камери за патарина, поставени на почетокот и крајот на делниците, кои го регистрираат точното време на поминување и пресметуваат дали возилото се движело во рамките на дозволената брзина.

Во првата фаза, системот ќе функционира на 50 делници, вклучувајќи го автопатот „Тракија“. Подоцна, системот ќе се прошири на западниот дел од автопатот „Хемус“, автопатот „Струма“ и новата делница Мездра-Ботевград, по нејзиното целосно завршување.

Овој систем е потежок за заобиколување од класичните радари – мери просечна брзина на целата делница, односно времето потребно за поминување на, на пример, 20 или 30 километри.

Ако просечната брзина го надмине дозволеното, системот автоматски испраќа СМС-порака до сопственикот на возилото со инструкции за плаќање на казната.

За пречекорување на брзината за 20 км/ч, казната започнува од 25 евра.

За возење над 50 км/ч над дозволеното, казните се значително повисоки, почнувајќи од 300 евра.

Точниот износ на казната зависи од измерената брзина и не може да се утврди однапред.

Надминување на ограничувањето за повеќе од 40 км/ч (надвор или во населба): 600 лева (околу 300 евра) + одземање на возачка дозвола за 2 месеци.

Повторен прекршок (над 40 км/ч): Најмалку 1.200 лева (околу 615 евра) + одземање на возачка дозвола за 3 месеци.

Максималната брзина на автопат е 140 км/ч, на експресен пат 120 км/ч, во населено место 50 км/ч, а на меѓуградски и меѓуселски патишта 90 км/ч.

Воведени се и зони со ограничување од 20 и 30 км/ч во станбени области, околу училишта и градинки.

Казните за пречекорување на брзината може да бидат повисоки во други околности, па затоа е важно да се почитуваат ограничувањата.

Од 5 септември, патарината за камиони над 3,5 тони ќе изнесува 12 лева. Компензаторните такси се зголемуваат на двојно поголем износ од максималниот данок за соодветната категорија на возила.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ изјави дека на Бледскиот стратешки форум се зборувале глупости, а тој не сака да се занимава со тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ не беше присутен на Бледскиот стратешки форум, каде што европските лидери разговараа за проширувањето на Европската унија и состојбата на Балканот, туку престојуваше во Пекинг на големата воена парада.

Маскирани напаѓачи брутално претепаа воени ветерани во Белград

Група од приближно десетина маскирани поединци извршиле брутален напад врз сопственик на угостителски објект и четворица гости – воени ветерани кои го поддржуваат студентскиот протест, како и врз присутните граѓани.

Вучиќ се сретна со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) и прославата по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна

To top