Македонија

Радев: Цените ќе скокнат, животот ќе поскапи по влез во еврозоната

„Искуството на другите земји што го усвоија еврото покажува дека штом ќе се објави извештајот за конвергенција (левови-евра), започнува постојан пораст на цените, особено за услугите, во националната валута, а до моментот кога ќе се воведе еврото, се акумулира значително зголемување на цените, предупредува шефот на бугарската држава Румен Радев, пренесуваат медиуми. Бугарскиот претседател се […]

„Искуството на другите земји што го усвоија еврото покажува дека штом ќе се објави извештајот за конвергенција (левови-евра), започнува постојан пораст на цените, особено за услугите, во националната валута, а до моментот кога ќе се воведе еврото, се акумулира значително зголемување на цените, предупредува шефот на бугарската држава Румен Радев, пренесуваат медиуми.

Бугарскиот претседател се уште не се откажува од намерата да биде распишан референдум за прифаќање на еврото, наместо сегашниот лев за платежна валута.

„Се надевам дека ова нема да ни се случи, но со оглед на небрежноста и слабоста на нашите институции, ризикот е реален“, истакнува и претседателот.

Поради оваа причина, Радев ги повикува луѓето да внимаваат на неоправданите зголемувања на цените, бидејќи „очигледно нема никој друг да го направи тоа наместо нив“.

Според неговите зборови, владата требало да биде целосно подготвена сега – со овластувања, мерки, финансиски бафери, бидејќи животниот стандард на луѓето од социјално ранливите групи би можел нагло да се влоши за неколку месеци.

„На економијата ќе ѝ бидат потребни години за да се врати на овој стандард. Тоа значи дека ризикот од социјална стратификација е присутен“, истакна Радев.

Најнови вести од: Македонија

МВР: „Летањето“ дронови без дозвола претставува опасност

Лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Филипче

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

To top