Бизнис

Исплатите на плати и надоместоци се вршат редовно, велат од министерството за финансии

Сите тврдења на Левица се неосновани, злонамерни и имаат единствена цел – да шират паника и да манипулираат со јавноста, велат од министерството за финансии.

Министерството за финансии ги отфрла информациите што ги пласира Левица дека во предизборниот период не се исплаќаат надоместоци за вработените во државните институции.

„Јасно укажуваме: Министерството за финансии нема одбиено налог за исплата на ниту една обврска кон работниците согласно закон, односно редовно се исплаќаат плати, додатоци и надоместоци за плата кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа, како и  правото за надоместоци на плата за починат член на семејство, теренска работа и слично согласно Законот за Буџети и Изборниот законик.

Затоа, сите тврдења на Левица се неосновани, злонамерни и имаат единствена цел – да шират паника и да манипулираат со јавноста.

На Левица им препорачуваме наместо да создаваат конфузија, конечно да го прочитаат Изборниот законик и Законот за буџети и да се информираат како функционира државниот апарат. Министерството за финансии ќе продолжи доследно да ја спроведува законската регулатива и да гарантира дека сите права на работниците ќе бидат заштитени“, реагираат од министерството.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top