Македонија

Ганка за случајот следење политичари и новинари: Овој пат нема да ви успее

Дали со последното прислушување СДСМ се подготвувала за уште една дестабилизација и нова промена на Уставот?!?

Екс министерката за култура Ганка Цветанова го коментира најновиот случај во кој луѓе од тајните служби учествувале во операција за следење политичари и новинари.

Цветанова порачува дека овој пат на СДСМ кој стои зад оваа операција нема да му успее да ја дестабилизира Македонија.

,,СДС е „државотворна“ партија само кога ја дестабилизира државата и ја руши Македонија:
👉2000 Црвенковски и „Големото уво“ → 2001 војна, Рамковен договор, Територијална реорганизација.
👉2015 Заев и „Бомбите“ → Шарена револуција, Преспански договор, Француски предлог, Договор за добрососедство со Бугарија”, пишува Цветанова која прашува дали со последното прислушување СДСМ се подготвувала за уште една дестабилизација и нова промена на Уставот?!?

,,Овој пат нема да им успее”, пишува Цветанова за случајот кој се наоѓа пред обвинителска разврска.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top