Македонија

Службените возила наскоро ќе имаат регистарски таблички во друга боја

Целта на оваа мерка е зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила. Преку обележувањето со нови таблички во боја, граѓаните ќе можат лесно да ги разликуваат овие возила од приватните. Со ова ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, велат од Службата за општи и заеднички работи.

Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови таблици во боја. Одлуката ја донесе Владата, на крајот на јули, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

За утре е закажана прес-конференција, на која ќе присуствуваат директорот на СОЗР, Ивица Томовски, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, како и директорите на останатите државни институции, каде ќе бидат промовирани новите службени регистарски таблички.

Целта на оваа мерка, како што информираат надлежните, е зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила. Преку обележувањето со нови таблички во боја, граѓаните ќе можат лесно да ги разликуваат овие возила од приватните. Со ова ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, велат од Службата за општи и заеднички работи.

Во наредниот период, ќе биде отворена и посебна телефонска линија. На неа граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените возила. Секоја пријава, според најавите, ќе биде евидентирана. Институциите ќе постапуваат според важечките законски процедури.

Во завршна фаза е и креирањето на централен регистар на сите службени автомобили. Овој регистар ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење, соопштија од СОЗР.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top