Свет

Вицеканцеларот контра канцеларот Мерц за користење оружја против Русија

Нема нов договор со Украина што би ги укинал ограничувањата за снабдување со оружје со долг дострел, изјави германскиот вицеканцелар Ларс Клингбеил. Неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц објави укинување на ограничувањата за снабдување со оружје со долг дострел за Украина, вицеканцеларот Ларс Клингбеил изјави дека нема да има таква промена. „…би сакал да […]

Нема нов договор со Украина што би ги укинал ограничувањата за снабдување со оружје со долг дострел, изјави германскиот вицеканцелар Ларс Клингбеил.

Неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц објави укинување на ограничувањата за снабдување со оружје со долг дострел за Украина, вицеканцеларот Ларс Клингбеил изјави дека нема да има таква промена.

„…би сакал да кажам дека нема нов договор што оди подалеку од она што го направи претходната влада“, рече политичарот од Ссоцијалдемократската партија на Германија (СПД) кога беше прашан на прес-конференција во Берлин.

СПД и левицата ја критикуваа изјавата на Мерц, и се чини дека таа не била координирана со вицеканцеларот Клингбаил.

Федералниот канцелар Фридрих Мерц изјави на WDR Europaforum 2025 дека „веќе нема никакви ограничувања за обемот на оружје што се испорачува во Украина, ниту од Британците, ниту од Французите, ниту од нас, ниту од Американците“.

Неговиот претходник, Олаф Шолц, отсекогаш бил претпазлив кога станувало збор за употреба на западно оружје против руска територија.

Сепак, не е јасно дали изјавите на Мерц претставуваат нова состојба на работите или се осврнува на распоредувањето западни ракети против руска територија…

 

Укинато ограничувањето за ракетни напади длабоко на руска територија – Наместо мир може да гледаме уште покрвав конфликт

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top