Македонија

(Фото): Постои сомнеж дека пожарот во „Дрисла“ е подметнат

Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата „Дрисла“. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.

  • „Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.

Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.

Инаку, дури десет противпожарни возила со сите сили работат на гаснење на големиот пожар кој избувна попладнево во скопската депонија „Дрисла“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, информира дека била побарана дополнителна помош од ЈП „Комунална хигиена“, од каде се пратени две цистерни за дотур на вода кои ги надополнуваат противпожарните возила на терен.

  • Се надеваме дека за брзо време пожарот ќе биде целосно изгаснат – изјави Томевски.

Иако бил побаран авион на Дирекцијата за заштита и спасување за помош при гасењето, за жал, немало услови за интервенција од воздух.

Командантот Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири кон околната борова шума и да предизвика дополнителен шумски пожар, којшто можел да ги загрози и блиските објекти.

Противпожарните екипи, како и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“, продолжуваат со интензивна интервенција, а граѓаните се повикуваат на внимателност и избегнување на близината на депонијата додека пожарот не биде целосно локализиран.

Најнови вести од: Македонија

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план

Специјален известувач на ОН: Бугарската инструментализација на малцинствата во Албанија е сериозна закана за човековите права и безбедноста

Токму поради вакви појави уште во времето на Друштвото на народите бил воспоставен систем за меѓународна заштита на националните малцинства, со цел да се спречат интервенции на соседни држави во внатрешните работи на суверени држави под изговор на „заштита“ на малцинствата

Ѓорѓиевски: Скопје – Европски град на културата 2028!  

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“

Деспотовски: Ова не е мојата СДСМ

Јован Деспотовски, член на СДСМ и поранешен кандидат за претседател на партијата, на гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, остро реагираше на барањето за негово исклучување од партијата и обвинувањата за предавство и соработка со политички противници.

To top