Свет

И од лошо има полошо: Медведев пак спомнува трета светска војна

Заменик-претседателор на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, вчера изјави дека Трета светска војна е единственото лошо нешто од кое треба да се плашиме, одговарајќи на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон шефот на Кремљ, Владимир Путин. „Што се однесува до зборовите на Трамп дека Путин „си игра со оган“ и за „навистина лошите […]

Заменик-претседателор на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, вчера изјави дека Трета светска војна е единственото лошо нешто од кое треба да се плашиме, одговарајќи на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон шефот на Кремљ, Владимир Путин.

„Што се однесува до зборовите на Трамп дека Путин „си игра со оган“ и за „навистина лошите работи“ што ѝ се случуваат на Русија, знам само едно НАВИСТИНА ЛОШО нешто – Трета светска војна.

Се надевам дека Трамп го разбира тоа!“, напиша Медведев, поранешен руски претседател, на социјалната мрежа X.

На ова реагираше Кит Келог, специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија.

„Разгорување на стравовите за Трета светска војна е несреќен и неодговорен коментар од Медведев, непристојно за светска сила. Претседателот Трамп работи на запирање на оваа војна и на прекин на убиствата.

Чекаме да го добиеме рускиот меморандум за прекин на огнот што го ветивте пред една недела. Прекин на огнот сега“, напиша Келог на X.

Најнови вести од: Свет

Отстрането палестинското знаме од владината зграда во Љубљана

Палестинското знаме беше симболично кренато на зградата на словенечката влада кон крајот на мај 2024 година, кога тогашната влада му предложи на парламентот признавање на Палестина како независна и суверена држава. Парламентот ја потврди оваа одлука на 4 јуни 2024 година

To top