Бизнис

Ожнеани над 280.000 тони пченица, доволно ли е за домашните потреби?!

На прагот на есенската сеидба ќе се настојува да се задржат годинашниве квалитет и квантитет на пченицата. Ќе претстојат низа средби со земјоделците со министерот.

Над 280.000 тони пченица од годинашново производство, речиси ги задоволуваме домашните потреби и годинава нема потреба да зависиме од увоз, изјави во Прилеп министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Годинава се зголемени површините со пченица и родот е квалитетен и доволен за домашните потреби.

  • Со добриот квалитет, со квантитетот што го постигнуваме, Македонија ќе застане на сопствени нозе, нема потреба да зависиме од увоз на пченица од соседните држави или од други земји, туку, нашите земјоделци ќе произведуваат за нашите преработувачки капацитети. Министерството и Владата се на располагање, овие квалитет и квантитет да ги отсликаме за наредната, 2026 година, рече Трипуновски.

Според Министерот Трипуновски, сериозно добриот квалитет на пченицата  е прифатлив за мелничко-пекарската индустрија, а и стоковите резерви се од домашна пченица.

  • Оваа година имаме сериозно добар квалитет, кој е прифатлив за нашата мелничко пекарска индустрија и тоа значи дека нема потреба повеќе оваа година да бидеме зависни од увоз. Направивме напори стоковите резерви да ги полниме со домашна пченица, а за наредната година ќе интервенираме токму во жетвата кога ќе се учествува во регулација на откупната цена, рече Трипуновски.

На прагот на есенската сеидба ќе се настојува да се задржат годинашниве квалитет и квантитет на пченицата. Ќе претстојат низа средби со земјоделците.

  • Планиаме одредени модификации за ова производство да го стабилизираме и по можност да го зголемиме. Ќе разговараме за програмата за 2026, за семенскиот материјал, за некаква дополнителна поддршка, со цел овој стратешки производ да го одржуваме бидејќи е многу важен за нашата држава и ова ниво на производство треба да го одржиме. Владата и министерството се партнери на земјоделците, така ќе продолжиме и во наредниот перид, изјави во Прилеп министерот Трипуновски.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Становите во Скопје поскапи за 13,3%

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со помало темпо во однос на почетокот на годината, покажуваат податоците на Народна банка. Според овие податоци, во вториот квартал цените на недвижностите се зголемиле за 13,3% на годишно ниво.

Почна расправата за ребалансот на буџетот – За што ќе се трошат најмногу пари?!

Со ребалансот, државната каса треба да достигне 6,91 милијарди евра, а капиталните инвестиции да се зголемат на 748 милиони евра. Предлогот веќе е пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде се очекува десетдневна расправа пред гласањето на пленарна седница.

(Видео): Јавниот долг во првиот квартал е 58,9% од БДП, рече министерката за финансии

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече, по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи

Николоски: Над 4 милиони евра се инвестира во општина Неготино преку министерството за транспорт

Во моментот преку програми што се од Владата преку Министерството за транспорт се инвестираат околку 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, на водоводни и канализациони системи, паркови, кружен тек, плоштад

Од сега нови правила за мали пакети вон ЕУ

Европската Унија го укина ослободувањето од царински давачки за пратки во вредност помала од 150 евра, што значи дека потрошувачите што купуваат евтина стока од земји надвор од ЕУ ќе плаќаат повеќе во иднина. Според новите правила, за секоја категорија стока во пратката ќе се наплаќа паушална царинска давачка од три евра.

(Видео): „Лидл“ во Македонија инвестира 200 милиони евра, првите маркети се очекуваат за Нова година, рече Николоски

Во Македонија наскоро ќе бидат отворени првите маркети на „Лидл“, што ќе донесе значителни придобивки за домашните земјоделци и ќе подобри бизнис климата, потенцира заменик-претседателот на Владата Александар Николоски при поставувањето на камен темелник во Струмица.

To top