Регион

Грција: Затвор за нелегалните мигранти!

Зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во Грција, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, […]

Зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во Грција, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

Новиот предлог-закон вчера беше детално презентиран на владина седница, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, рече дека „казните ќе бидат построги за оние кои нелегално влегуваат или престојуваат во земјата ако нивното барање за азил е одбиено“, пренесе МИА.

Според АНА-МПА, за оние кои нелегално влегуваат во земјата, се предвидува зголемување на казната од три месеци на најмалку две години, доколку станува збор за потешки случаи од шест месеци на најмалку три години, а паричната казна може да достигне 10.000 евра.

Дополнително, нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, станува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години, парична казна од 10.000 евра, без можност за одложување на казната, освен во случај осудениот државјанин на трета земја да избере доброволно да замине од Грција.

За доброволно заминување, пропишаните рокови ќе бидат намалени од 25 на 14 дена, како и намалување на продолжувањето на рокот за доброволно заминување од исклучителни причини од 120 на 60 дена, а ќе биде воведен и електронски надзор како рестриктивна мерка за време на рокот за доброволно заминување.

Новиот предлог-закон од Министерството за миграција и азил на Грција, се очекува кон крајот на јуни да биде доставен во грчкиот Парламент.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

To top