Македонија

Не Бугарија, ами Србија ја кочи Македонија за ЕУ, според бугарски новинар?!

Крстев од БНТ го впери прстот кон Белград за забавувањето на македонскиот евроинтегративен процес

Наспроти фактот дека евроинтеграцијата на Македонија е заглавена поради условувањето од Бугарија со впишување на Бугарите во македонскиот Устав, новинарот Николај Крстев од Бугарската национална телевизија (БНТ) смета дека кочничарот, всушност, е – Србија.

„Тажно е што Македонија повторно се враќа во српскиот ареал на Балканот. Целта е РСМ да биде забавена на патот кон ЕУ, како и Црна Гора, т.е. ниту една друга поранешна југословенска република, покрај Хрватска (и Словенија), да не го стори тоа пред Србија. Таа нема да го направи тоа пред да се реши косововското прашање, а тоа нема да биде решено“, изјави за бугарското радио Фокус некогашниот дописник на БНР од Белград и од Москва.

Најнови вести од: Македонија

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top